На границата со Непал минатата ноќ беше уапсен еден од
најбараните терористи во Индија, Абдул Карим Тунда, тесно поврзан со
екстремистичката муслиманска група Laškar e Taiba или "Легија на
правоверните" со седиште во Пакистан, соопшти денеска весникот "Тајмс оф
Индија".
Терористот Тунда е меѓу првите 20 најопасни криминалци на листата на индиската полиција. Тој е одговорен за 450 експлозии во Њу Делхи и Мумбај.
Тунда во 2001 година побегна од Индија во Бангладеш и се ширеа гласини дека загинал во Дака.
Меѓутоа набрзо се огласил од пакистанскиот град Лахоре каде има продавница. Во летото 2006 беше уапсен во Кенија каде подоцна избега од затворот.