
Од првично планираните 14 кошаркари, единствено Адан Јушкевичиус не допатува во нашиот главен град со остатокот од својата екипа, а селекторот Јонас Казлаускас за натпреварот против Македонија ќе може да смета на:
Мартинас Поциус, Мантас Каленитис, Даријуш Лавринович, Јонас Мациулис, Томас Делининкатис, Реиналдас Сеибутис, Линас Клеиза, Мартинас Гецевичиус, Јонас Валанчиунас, Робертас Јавтокас, Витенис Чижаускас, Миндаугас Кузминскас и Донатас Мотиејунас.
Утре изутрина Литванците ќе го одржат единствениот тренинг во СЦ „Борис Трајковски“ пред натпреварот со нашата репрезентација закажан за 20.00 часот.
Инаку, ова е прво гостување на кошаркарската репрезентација на Литванија во Скопје, откако по Евробаскетот 2011, лани во рамки на подготовките за Олимписките Квалификации во Венецуела, Литванија и Македонија одиграа пријателска средба во Клаипеда. Македонија победи на тој натпревар со 78-74.


