Со буџет од 200 милиони долари филмот "World War Z", кој може да го гледаме во кината ова лето, првично беше најскапата зомби продукција... на сите времиња.
Сепак инвестицијата очигледно е оправдана, откако "Paramount" најавија дека приходите од филмот надминале 500 милиони долари низ целиот свет, откако во меѓународниот кино благајни, тој има профит од 305.2 милиони долари. Ова автоматски го претвора во најпрофитабилниот филм во кој глуми Бред Пит по "Троја" од 2004 година, кој имаше приходи од 497.3 милиони долари, пренесе британски "Телеграф".
Заплетот на филмот раскажува за инвазија на зомби, а Бред Пит е еден од оние кои се нафатија во мисијата да ја сопрат.
Поинтересно е дека успехот на филмот противречи на неговото негативно претставување во медиумите и од страна на критиката уште пред излегувањето во јуни. Филмот, кој е адаптација на бестселерот на Макс Брукс од 2006 година, “World War Z: An Oral History of the Zombie War“, првично го одложи датумот на објавувањето, а потоа потроши уште околу 15-20 милиони долари за подобрувања на првата опција на филмот. Љубителите на филмот требаше да разберат и за промените во сценариото, а потоа и дека Бред Пит не е особено задоволен од финалната опција.