10 тајни за разубавување на славните дами

Скапи козметички третмани, револуционерни кремови кои чинат мало богатство и мини армија од стилисти, шминкери и фризери стојат зад беспрекорниот изглед на холивудските ѕвезди. Но, многу од светски познатите дами се служат со трикови кои можеме да ги „украдеме“ за да ги збогатиме ритуалите за разубавување, и тоа без да си го испразниме паричникот.

Бијонсе

Стегнати нозе со 4 пара хулахопки
Додека Бијонсе енергично танцува на сцената, многу девојки се прашуваат која е тајната на нејзините стегнати нозе. Во интервју за емисијата „The View“, музичката дива откри дека на сцената носи 4 пара хулахопки за нејзините бутови да изгледаат стегнато за време на танцувањето.
Доволно е да облечете 2 пара хулахопки за да го почувствувате ефектот на слоевитото облекување на хулахопки.
 


 


 


 


 


 


 

Хали Бери

Парфем на внатрешноста на бутовите
Хали Бери има дискретен совет за нанесување на парфем. „Треба да го напрскувате на внатрешната страна на бутовите. Потоа се загрева и аромата се искачува нагоре во текот на целиот ден. Кога прегрнувате некого не го оставате вашиот мирис врз него“ – вели таа.
Резултатот е особено ефектен кога носите фустан или здолниште.
Внатрешната страна на лактите е исто така добро место за нанесување на парфем, како и областа зад колената, бидејќи пулсот и топлината го стимулираат разнесувањето на мирисот во воздухот околу вас.


Хода Котби

Хигиенски влошки за поудобни обувки
Американската водителка на шоуто „Today“ објави НЕгламурозно решение за побезболно и поудобно чекорење на високи потпетици. „Следниот пат кога ќе ве болат нозете, поминете до супермаркетот, купете влошки и пикнете ги во обувките. Тие се како перниче и нозете не болат“ – советува таа.
Нејзиниот невообичаен совет беше опишан како исклучително корисен и практичен од многу гледачки.
 


 


 


 


 


 


 

Џесика Алба

Шеќерен пилинг за нежно тело
Кожата на Џесика Алба секогаш изгледа негувано. Во нејзината книга „The Honest Life: Living Naturally and True to You“, Алба открива евтин домашен пилинг со кој го отстранува слојот мртви клетки од кожата на телото.
Измешајте маслиново масло и шеќер во однос 1:2 и додајте неколку капки есенцијално масло од ванила или масло по свој избор за да ја разубавите миризбата. „Кафеавиот шеќер и солта се исто така добри. Или, можете да си направите комбинација од нив за да го добиете посакуваното ниво на триење“ – вели филмската ѕвезда. Нежно тријте ја кожата со пилингот додека сте под туш.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О