Во стравична несреќа која се случила во Јужноафриканската Република
загинаа 22 лица, а уште 30 се повредени. Возачот на камионот поминал на
црвено светло, удрил во четири такси минибуси и автомобил. Несреќата се
случила на прометна раскрсница, а трагедијата била неизбежна, пишуваат
медиумите.
Ужасната несреќа е снимена со камера која се наоѓала во возилото на еден таксист.
Се гледа дека возилата застануваат на црвено светло и тргнуваат
откако се вклучува зеленото. Меѓутоа, со смртоносен удар ги изненадува
камионот.
Возачот на камионот е уапсен и обвинет за убиство.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Вознемирувачка содржина