Пред околу еден месец, семејството Крејмер се одлучило да направи фотосесија на плажа во Сан Клементе, Калифорнија, но добиле и една „екстра“ фотографија која не ја очекувале.
- Започнавме со една групна фотографија каде што сите сме насмеани. Како што претпоставувате, децата е малку тешко да ги натерате да се смеат некогаш – изјави Стив Крејмер за GoodMorningAmerica. – Кога завршивме со тоа, на мојот 4 годишен син му беше веќе смачено. Но јас и жена ми многу сакавме да имаме една навистина добра фотографија која ќе ја прикаже сликата за едно „среќно семејство“.
Во тој момент, некој предложил да ги забавуваат децата со малку „акробации“.
- Ги кренавме за рацете и почнавме да ги луламе кога одеднаш ја слушнав жена ми како извика „аааа!“ и потоа го видов син ми како прави салто во воздух и паѓа на песокот. Сите бевме шокирани – објасни Стив.
За среќа, како и повеќето деца, 6 месечниот Едисон поминал без никакви повреди. Нели, само малку плачење.
- Татко ми е педијатар и веднаш го прегледа, по што искоментира дека „не му е ништо“ – додаде Стив.
Откако се осигурале дека се е во ред со малиот Едисон, Стив и неговата сопруга Елизабет побарале да погледнат дали фотографот успеал да го „фати“ моментот. Тогаш ја виделе фотографијата која што подоцна ја закачиле на Редит и веќе има околу 2 милиони погледи.
- Баравме и добивме интересна фотографија – шеговито искоментира Стив.