За првпат по 13 години: Кока-Кола не е највреден бренд во светот!

Оваа година, за првпат производителот на безалкохолни пијалаци не го зазема водечкото место на списокот на 100 најмоќни брендови во светот, каде што беше во изминатите 13 години!

Американската компанија Кока-Кола повеќе не е најдобриот светски бренд, откако по цели 13 години, од тронот ја симна технолошкиот гигант Епл.

Ова всушност е првпат производителот на безалкохолни пијалаци да не е на самиот врв на списокот на 100 најмоќни брендови на светот, каде што беше цврсто позициониран уште од 2000 година.

 

Така, на списокот на најмоќни брендови, кој што секоја година го создава компанијата 
"Interbrand", Кока-Кола забележува пад од две позиции, пред себе "пуштајќи" уште еден гигант, компанијата Гугл, која се најде на второто место.

 
Според процените на "Interbrand", вредноста на компанијата Епл е 98.31 милијарда долари, што е раст од 28% во однос на минатата година.

 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О