Пет непотребни делови на телото

Човечкото тело е едно највчудовидувачките нешта на универзумот кој го познаваме. Ако ја имаме предвид комплексноста на ендокриниот систем, чудата кои ги прави нашиот мозок, силата на скелетот и мускулите, па дури и функционалноста на ноктите, ние сме навистина уникатни суштества.

Сите оделови на телото не се базирани само на своите функции, туку се во содејство еден со друг. Од едноклеточните организми кои скитаат низ древните мориња, човечките суштества еволуирале во денешните комплексни и способни за речиси се’ организми – она што ние сме денес. Речиси секој дел од нашето тело, од најмало до најголемо, игра улога во нашето тело. Но „речиси“ е знајачниот збор – некои делови од нашето тело се всушност бесцелни.

5.Крајници

Крајниците се двете мали меснати топчиња закачени над грлото на заднината од усната празнина. Тие се дел од природниот систем за одбрана на телото и имаат задача да се борат против инфективните напаѓачи кои се обидуваат да влезат во вашето тело.

Проблемот со крајниците е што додека тие се борат со таа инфекција, стануваат потечени и предизвикуваат болка, поради што ве боли грлото и имате проблеми со респираторниот систем. Тоа е причината поради која крајниците често се отстрануваат, благодарение на антибиотиците кои ја отстрануваат инфекцијата подобро отколку крајниците. Затоа денес тие се бесцелни.


4.Слепо црево

Оваа „реликвија“ понекогаш служела за подобра дигестија на незготвеното месо, а сега се смета за непотребна. Во секој случај, слепото црево не ни е потребно. Овој орган со облик на туба, кој се наоѓа на десната страна од абдоменот малку над бедрото, складира „добра“ бактерија кој многу научници сметаат дека телото ја користи за да ги размножи корисните бактерии во стомакот и внатрешните органи. Но, слепото црево често знае и да пукне, што предизвикува сериозна и потенцијално фатална инфекција, и „губи поени“ поради оваа причина.




3.Опашна коска

Вашиот коксикс, односно опашната коска, е веројатно најнекорисна на оваа листа. Зошто? Токму затоа што немаме опашка. Ние имаме само последен ’рбетен член кој би можел да еволуира во опашка, но никогаш не дошло до тоа. Наместо да служи за нешто, опашната коска може само да ни донесе болни и засрамувачки повреди.


2. Plica Semilunaris (странични очни капаци)

Знаете ли дека некои птици, риби и гуштери (највпечатливо крокодилот) имаат дополнителни странични очни капаци? Знаете што? Имате и вие! На некој начин...


Малото триаголно парче месо на аголот од вашето око е остатокот од таквите очни капаци кои луѓето некогаш ги имале. Сепак, Plica Semilunaris не игра никаква улога во вашиот живот, и „инаетливо“ не сака да се отстрани од гените на секое човечко битие.

1.Умници

Имаме 28 заби, сите наместени на перфектна позиција, благодарение на парите на нашите родители и добрите стоматолози и ортодонти. Сепак, во 20-тите или 30-тите години осмите заби во редицата се „будат“, растат и го стеснуваат просторот помеѓу забите, па на „стари години“ пак ви треба фиксна протеза. Иако велиме дека со нив доаѓа умот, не е вистина – тие не служат апсолутно за ништо!

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О