Запревте на половина пат од најновата работна обврска, ве мачат наизглед нерешливи препреки, немате ниту инспирација, ниту ментална сила?
Земете кратка пауза, направете си кафе и обидете се да ги проучите животните совети од 18 најбогати личности во историјата, објавени на порталот entrepreneur.com.
„Вашиот најнезадоволен купувач е и ваш најголем извор за учење нови работи“, паметно заклучил Бил Гејтс.

„Грешката ви дава можност следниот пат да ја завршите работата многу попаметно“, тврди Хенри Форд.
Една од најбогатите жени на светот, американската телевизиска ѕвезда, Опра Винфри, мудро порачува: „Бидете благодарни за она што го имате, бидејќи ако вечно мечтаете по работите што ги немате, никогаш нема да имате доволно“.
