Што остана од Nokia
Откако Nokia го продаде мобилниот сектор на Microsoft во зделка вредна 7 милијарди долари сите се прашуваат што ќе се случува со финската компанија понатаму. Претседателот на Nokia, Ристо Силасма изјави дека нема да биде исто без мобилните телефони, но Nokia ќе прерасне во силна компанија.
Од Nokia преостануваат само три сектори кои може да работат успешно и профитабилно а, тоа се одделот Nokia Solutions and Networks или скратено NSN, потоа платформата на апликации HERE која нуди мапи, мултимедијални содржини и складирање на податоци на Cloud, како и најновиот оддел за напредни технологии кој треба да ги развие огромниот број на патенти кои ги поседува компанијата.


