Мадона (55) и танчерот Брахим Заиба (25) се заедно веќе три години, а
шпекулациите за нивната свршувачка во последно време се сè погласни.
Пејачката го претставила Брахим како свој свршеник на еден настап во
Њујорк, а очевидците тврдат дека била пресреќна кога тоа го направила. Дури
се спомнува дека биле свршени пред една година, но Мадона се
предомислувала бидејќи веќе има два брака зад себе, а пријателите на поп
пејачката мислат дека и не е баш најдобро да се впушта во уште еден
брак. 55-годишната пејачка не ја криела среќата што ќе се омажи за 30
години помладото момче, иако некои извори блиски до Мадона наведуваат
дека сака да биде сама.