Случаен минувач кој решил да направи кратко видео од зградата на руската Влада снимил нешто повеќе од она што го очекувал.
Непознатиот снимател забележал светло и две силуети на еден од прозорците од владината зграда, па зумирал кон нив. На видеото може да се види дека се работи за маж и жена кои страсно водат љубов на прозорецот. Видеото за кратко време го преплави интернетот, а објавено е и во руските медиуми.
Видеото на Јутјуб го објавил човек кој се преставува како Дмитриј Александрович Ладуров.
Сеуште нема информации кои се љубовџиите.