Македонската економија порасна за 3,9 отсто

Македонската економија порасна за 3,9 отсто во вториот квартал од годинава, соопшти вчера Државниот завод за статистика.

zavod-statistika
Стопанството во првиот квартал од годинава порасна за 2,9 отсто и со високиот пораст од 3,9 отсто во второто тримесечје од годинава е една од ретките земји во Европа, која и во кризни услови бележи голем раст на домашниот бруто-производ.

Статистика вчера објави дека и во вториот квартал двигател на економијата е секторот градежништво, кој пораснал за 33,2 отсто, а раст е забележан и во секторите сообраќај, складирање и врски (7,5 отсто) и во рударство и вадење камен, преработувачка индустрија и снабдување со електрична енергија, гас и вода (4,1), пренесе Дневник.

- Ова е многу оптимистички сигнал за стопанствениците. Ние очекувавме дека во втората половина од годината економијата ќе се развива со побрзо темпо и овие податоци се над нашите очекувања. Со сигурност може да прогнозираме дека втората половина од годинава ќе биде добра за реалниот сектор. Сепак, банките треба да го намалат песимизмот што го имаат и да кредитираат со полабави критериуми. Ако тие пуштат повеќе пари во реалниот сектор, тогаш може да се очекуваат уште подобри резултати,  вели за весникот Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори.

За експертите, остварувањата кај БДП во вториот квартал се во линија на очекувањата за постепено стабилизирање на економската активност. Растот на извозот, за нив е најпозитивен показател за позитивните движења.

- Најпозитивен показател е растот кај извозот, што повторно не потсетува дека како мала и отворена економија сме исклучително сензитивни на светските движења така што и овој пат нивното постепено стабилизирање се ефектуира на домашен план. На производната страна, исто така очекувано, растот е движен од градежната експанзија. Сепак, ризиците се с` уште присутни. На расходната страна загрижува стагнацијата на личната потрошувачка, што веројатно е одраз на стегнатата кредитна активност и на стагнирачките плати во економијата, како и релативно нискиот раст на увозот имајќи предвид дека многу увозни производи се клучни за поттикнување на инвестициската активност дома. На производната страна загрижува фактот што растот не е широкораспространет, туку поголем дел од секторите стагнираат или опаѓаат, изјави за Дневник професорот Марјан Петрески.
Извор: Курир.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О