После објавувањето на новиот модел iPhone 5S, Apple започна војна со Samsung за повисоко ниво на процесори. Меѓутоа резултатите од војната ќе мора да ги почекаат фановите на Samsung до следната година кога ќе биде претставен моделот Galaxy S5.
Иако Samsung се држи до свој распоред за подобрување на новите модели, сепак ќе ја искористи моќноста на 64-битниот А7 процесор на Apple. Станува збор задвојно поголема битностод сегашниот 32-битен процесор, којќе можеда се справи со повеќе сложени апликации, вклучувајќи високо квалитетни игри, кое за жалSamsung нема даможе така лесно да гоигнорира, бидејќизнаеме како растеAndroid пазарот за игри.

На бизнис фронтот Samsung сегаза сега епред Apple во Кина, каде што Samsung оваа година имаше 19,4 процентиудел на пазарот во однос на Apple со оскудни 4,3 проценти. Но сега кога iPhone 5S може да работи на меѓународно ниво на LTE мрежите, работите можат да се променат.
Вестите за Samsung Galaxy S5 се сеуште рано да се кажуваат, тој се очекува да се појави идната пролет. Сега кога Apple го направија првиот 64-битен чекор, прашање на време е кога некој Android смартфон ќе го направи истото. До тогаш ние се надеваме дека другите гласини за Samsung Galaxy S5 за 16MP камера и алуминиумско куќиште се вистинити.