Денеска е милијардер, бидејќи ја спасил компанијата коцкајки се со последните 5.000 долари

Основачот на FedEx, Фредерик В. Смит, ја спасил компанијата во 1974 година, кога на сметката имало само 5.000 долари кои не биле доволни за гориво за авионите, со тоа што отишол во Лас Вегас и играл Белк Џек
Frederick_W_Smith_Falcon-600x450
Смит, во 1971-та, го искористил своето богатство од 4 милиони долари, плус дополнителни 90 милиони и ја основал компанијата FedEx, позната по тоа што доставува пратки низ целиот свет, за само еден ден. Во тоа време, компанијата била прва и единствена со таква услуга, па добриот старт и брзиот раст билe неизбежни.
За несреќа, 3 години по основањето, благодарение на брзорастечките цени на горивото и зголемените трошоци, FedEx стигнала на работ на банкрот, губејќи по 1 милион долари месечно. Никој не бил заинтересиран да помогне, ниту со заем, ниту со инвестиција. Во најтешкиот миг, на сметката на компанијата имало само 5000 долари, што не било доволно ниту да се наполнат авионите со гориво. Смит имал само 2 дена да го направи невозможното – да го продолжи животот на компанијата.
Наместо да крене раце и да одлета во домот во Мемфис, Фредерик Смит ги земал последните 5 илјади долари од сметката на компанијата и го фатил петочниот авион за Лас Вегас, упатувајќи се, се разбира, на партија Блек Џек. На изненадување на другите високи извршители на компанијата, во понеделникот, на сметката лежеле 32 илјади долари, што било доволно да се покријат трошоците за гориво за уште некој ден. На прашањето што ли мислел кога го направил овој луд подвиг, Смит рекол: „Што е битно? И со 5-те илјади, и без нив, нашите авиони немаше да полетаат.“
Како што испаднало, неколку дена биле сосема доволни за FedEx да опстои до денешен ден. Набрзо, Смит успеал да подигне 11 милиони, а веќе во 1976-та, компанијата го остварила првиот профит од 3.6 милиони долари. 4 години подоцна, профитот пораснал на 40 милиони, а денес FedEx се проценува на 25-35 билиони долари, на чие чело сеуште стои Фредерик В. Смит, и самиот вреден околу 2 билиона.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О