Натпреварот одигран во рамките на 4. коло на шпанска Примера започна со одлична игра на домашниот тим чии играчи ја искористија својата одлучна и организирана игра за да поведат преку Кањи во 21. минута. До крајот на полувремето Реал израмни преку Бејл кој немаше проблем да реализира од неполни два метри по асистенцијата на Карвахал.
Во вториот дел, мадридскиот клуб првпат поведе и тоа со голот на Кристијано Роналдо, но Џонатан Дос Сантош во 70. минута донесе израмнување и златен бод за Вилјареал.