Archdaily: Барокната катна гаража-кошмар за набљудувачите

Вознемирувачкото присуство на најновата катна гаража, субтилно асоцира на вознемирувачкиот проект Скопје 2014. Ова е заклучокот од анализата за новата катна гаража во Скопје од страна на светски реномираниот сајт за архитектура Archdaily.com во која се вели:

-Промената на веќе познатиот изглед на историските станбени куќи во Виена, во некоја чудна насловна страна на „барокна гаража“, го прави овој проект чуден и мистериозен. Иако поентата не е многу очигледна, набљудувачот го чувствува ова како кошмар – пишува Archdaily.com.
katna (3)
Како што пренесува сајтот, почетната точка за дизајнот на фасадата претставува поглед на историски станбени куќи во Виена. Искривените фасади се мултиплицираат и се склопени на површината во една нејасна точка на исчезнување.

Во изминативе години, сообраќајниот метеж во Скопје нагло се зголеми, а паркинг просторот се организираше на диво. Градот е подготвен да го реши проблемот со нудење за иградба на дополнителна катна гаража.

Во 2010-та година, Милан Мијалковиќ заедно со архитекти од Виена, предадоа проект кој се однесуваше на катна гаража кај градска пошта. Проектот на Мијалковиќ не успеа да победи на натпреварот, но беше купен од Јавното претпријатие и се даде на град Скопје (наводно, преку лична интервенција на премерот Груевски, кому му се допаднала фасадата на проектот). Се одлучи фасадата да се направи во рамките на проект за друга гаража, проект кој веќе беше во фаза на планирање и дизајнирана од двајца професори на Архитектонскиот факултет. Има неколку професори од овој факултет, кои директно или индиректно се вклучени во проектот „Скопје 2014“ – факт што може да ја објасни нивната претпазлива критика за антиквизацијата на градот. Предложената фасада на катната гаража ја претставува желбата за историски изглед, без експлицитно користење на традиционалниот јазик на историцизмот.
katna (2)
Тоа се прилагодува на барконата идеја за создавање реалност со помош на илузионистичка перспектива. Барокните дела се зголемија во јавниот простор и обратно, реалноста се обедини во илузионистичката перспектива на уметничкото дело“ – анализира Archdaily.com.
Исто така, сајтот остро се осврнува и на новиот барокен изглед кој го доби Скопје низ годините наназад, објаснувајќи дека 20 години по распадот на Југославија, „Скопје 2014“, создаден од популистичко – конзервативната влада на Груевски, претставува повторно измислување и реафирмирање на македонскиот поделен и глорифициран национален идентитет преку урбанизмот и архитектурата.


„Македонската култура се одбележува со голем број споменици, верски симболи и нови јавни згради кои се дизајнирани во одреден историски стил. Барокниот стил е омилен и со неговата конотација на моќ, да има влијание врз масите. Намерата е со интензивната употреба на овие историски стилови, градот да се претвори во европски, христијански и буржоаски град, што Скопје никогаш не бил“, пишува реномираниот сајт за архитектура.

Петар Клинчарски

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О