Најубавите дестинации за уживање во есента

Летните денови и жештините се готови, но тоа не е причина да ве обземе меланхолија. Есента е спектакуларно доба од годината, во кое може навистина да се ужива пред да стигне зимата.

Облечете чевли за пешачење по природа и истражувајте ги краевите во кое со опаднатите лисја и разнобојните есенски шуми чуваат многу изненадувања, како костени и печурки. Посетете ги местата за кои светските патници велат дека се најубави токму во есен.
Нара, Јапонија

Есента во Јапонија е еднакво привлечна колку и во сезоната на цветање на црешовиот цвет во пролетта. Кујоу, или есенските лисја, можат да се видат во целата земја, почнувајќи од северниот остров Хокаидо, за до крајот на септември да се прошират и на југ. Древната престолнина Нара, до која се доаѓа со кратко возење со воз од Кјото, е преубаво место за уживање во есенските глетки. Внимателно уредените паркови се преполни со бои, а сензационалното црвено, златно и жолто лисје може да се пронајде на патеката кон храмот Тамукејама.



Кањонот Агава, Канада

Качете се на возот кој ги води туристите по кањонот Агава и заљубете се во една од најубавите есенски глетки на светот. Турата од 183 километри низ недопрената природа, која најмногу доаѓа до израз на крајот од денот, почнува во местото Солт Сент Мари на канадско-американската граница. Тие глетки наводно ги инспирирале сликарите Том Томпсон и Групата на седуммина, најценетите канадски пејсажисти од 30-ти век.



Форест оф Дин, Англија

Ова древно шумско подрачје во Глочестершир некогаш служело како кралско ловиште, а неговите сопственици Тудорите го користеле за изработка на воени бродови. Денес тоа е место за прозаично хоби – набљудување на природата, велосипедизам и проучување на диви животни.

Белите планини, Њу Хемпшир, Америка

Подрачјето на САД познато и како Нова Англија е синоним за убава есен, и навистина е тешко да се одбере само една убавина од него. Меѓутоа, Белите планини во Њу Хемпшир сигурно се најубави за доживување на есента во сите нејзини бои. Ако се упатите по ридовите на почетокот од октомври, ќе уживате во црвените јаворови лисја и боите на шумските водопади.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О