Словенија четвртфиналист, Грците „висат“

Домаќинот Словенија го обезбеди пласманот во четвртфиналето на Европското првенство за кошаркари со победата од 73:65 над Грција во второто коло од групата Ф од втората фаза.

Грците, пак, кои пред Евробаскетот се сметаа за втор фаворит за титулата по нејзиниот бранител Шпанија, меѓу осумте најдобри ги води само комбинацијата на нивна победа над Хрватска во последното коло, Италија да ја совлада Шпанија и Словенија да биде подобра од Финска.

Горан Драгиќ повторно беше инспиратор на триумфот на „змајчеки“, постигнувајќи ги првите 11 поени на неговата репрезентација во натпреварот во Љубљана. Мечот го заврши со 28 коша, пет скока и четири асистенции, а клучна се покажа топката што му ја украде на Василис Спанулис за потоа да поентира за водство од 70:62, а до крајот останаа 41 секунди. Со тоа им ги скрати крилјата на Грците, кои негативата од 24 коша ја сведоа само на шест до опишаниот момент, во кој Спанулис го фрли во ветер својот ефект од 21 поен, осум скока и три додавања.
Резултати од второто коло во групата 
Ф: Хрватска – Италија 76:68, Шпанија – Финска 82:56 и Грција – Словенија 65:73.
Табела: Словенија 7, Хрватска 7, Шпанија 6, Италија 6, Грција 5 и Финска 5.
Последно коло, недела: Хрватска – Грција (14,30 ч.), Италија – Шпанија (17,45 ч.) и Финска – Словенија (21 ч.).

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О