Спремете го домот за ладната сезона

Ладното време е на прагот, а со тоа и многубројни промени кои тоа ги носи.
Менувајќи го изгледот на себе, можете да си поиграте и со промена на енериерот во вашиот дом. Најпрвин, важно е во тоа да бидете креативни.

Сите килими и черги кои сте ги извадиле за време на летните горештини, време е да ги вратите назад. Ако сте во можност, купете тешки завеси од подебело платно, а на краевите ставете темни драпери од сомот или кадифе. На подот додадете парчиња дебел килим, што дополнително ќе ве стопли.

Употребете плетени покривачи за седечките гарнитури, изфарбајте ги ѕидовите во темна боја и задолжително украсете ја атмосферата со амбиентално осветлување во боја, а може и миризливи свеќи кои можете да ги поставите дури и во бањата.
Украсете ги полиците со шишарки и гранки од зимзелени дрвја.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О