И тие се манекенки: Крупни убавици кои зрачат со сексапил!

Многумина ќе се согласат дека веќе одамна зад нас се времињата кога исклучително слабите жени се сметаа за секс симболи, па сега, модната индустрија се почесто во своите кампањи ги вклучува и оние убавици со неколку килограми вишок.
Слабите манекенки на кои што "им се бројат ребрата" веќе одамна не се најбараните на модните писти, туку напротив, дизајнерите и модните куќи се почесто одлучуваат да ангажираат некоја од т.н. плус манекенки, убавици со неколку килограми вишок, но кои со својата телесна градба се поблиску до телото на денешната жена.

Така, во продолжение погледнете кои се најславните и најуспешните "полнички" манекенки кои што се почесто се дел од модните списанија, а тоа наидува на огромен восхит кај јавноста.

Тара Лин

Тара Лин е една од најпознатите крупни манекенки. Таа се прославила со своето појавување на насловната страница од француското издание на магазинот "Elle".


Многумина ја памтат и по разголената фотосесија во магазинот "Vogue", со што докажа дека нема никакви проблеми со позирањето топлес. Тара Лин е атрактивна девојка која носи облека со величина 14-16.



Џустин ЛеГолт

Станува збор за убавица со потекло до Квебек, Канада. Џастин ЛеГолт во изминатите неколку години успешно ја гради својата кариера како модел, па досега позирала за бројни познати магазини.



Таа своето раскошно тело таа ужива да го покажува и во секси долна облека. Исто како и Лин, ЛеГолт носи облека со величина 14-16.

Кристина Мендез

Кристина Мендез е една од првите покрупни латино американски модели и таа досега остварила соработка со огромен број на модни компании, а сите се согласуваат околу едно нешто, нејзиниот сексапил е неверојатен.





Барбара Бринкер

Барбара Бринкер е убавица која со манекенство се занимава повеќе од 10 години. Таа дури создала и сопствена линија на облека наречена "BB Maternity", а позирајќи во секси изданија, Барбара многупати докажала дека е горда на сопственото тело и дека истото не се срами да го покажува. Таа носи облека со величина 14.




Натали Лолин

Натали Лолон е славна plus-size манекенка која што осамна дури и на огромен плакат на Тајмс Сквер. Таа носи облека со величина 12-14.




Ешли Грахам

Атрактивната бринета Ешли е манекенка која е заштитно лице на брендот за долна облека "Lane Bryant".




Флувија Лукерда

Бразилската убавица Флувиа Ликерда работела како дадилка во Њујорк, кога еден ден, еден уредник од магазин и пришол со предлогот да размисли да стане plus-size модел.


Денес Флувија е поприлично позната и барана манекенка, а за неа велат дека е Жизел Бундшен во модната индустрија на "пополнички" модели.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О