И повторно морници: Америка има нова ѕвезда која го воодушеви и светот

Во западните земји во кои што на емисиите посветени на потрага по таленти секогаш се пријавуваат огромен број на луѓе кои се обидуваат на овој начин да добијат "свое парче од колачот наречен слава", сосема вообичаено е појавувањето на некој кој ќе ја воодушеви публиката и жирито и веднаш ќе стане инстант-ѕвезда!
Овој пат, во новата сезона на американското издание "X Factor", ова место е резервирано за 13 годишната Рион Пејџ која што медиумите веќе ја нарекуваат новата Тејлор Свифт. Со својот "кантри" изглед и потресната приказна за својот живот, оваа млада девојка никого не остави рамнодушен.


Имено, Рион речиси во целост е слепа на десното око, а покрај тоа, таа страда и од артрогрипоза, нарушување поради кое што нејзините две раце не се правилно развиени, но сепак, тоа не ја спречило да се обиде да си ги оствари сопствените соништа, објавил "Huffington Post".

"Понекогаш ми е навистина тешко да се носам со фактот што не можам да го постигнам она што сум мислела дека можам. Но, музиката секогаш ми помага да ги објаснам ваквите чувства", раскажала Рион и започнала со изведбата на хитот на Кери Андервуд, "Blown Away".


Секако, не треба да се напоменува дека таа без никакви проблеми поминала во вториот круг, а нејзината неверојатна изведба била наградена и со громогласен аплауз од публиката и членовите на жирито, сите исправени на нозе!

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О