Погледнете на што се најплатениот боксер ги троши своите пари

Во денешно време понекогаш не се знае каде е точната граница помеѓу бизнисот и спортот, а оваа граца очигледно веќе одамна ја поминал боксерот Флојд Мејведер.
Човекот кој за само една борба против Канел Алварез ќе добие сума од рекордни 41.5 милиони долари, на една од своите сметки во банка има салдо од "дебели" 123 милиони долари, иако веќе долго време немилосрдно ги троши своите пари.


Имено, боксерот Флојд Мејведер на патувања оди со куфери полни со пари, а кога ќе се врати во својот дом, тој сака да ужива во погледот на својот паркинг со огромен број на луксузни автомобили, вклучувајќи го и автомобилот Бентили од 290.000 долари.


Покрај тоа, во неговиот возен парк се е црно-бело... Буквално! Тоа е така затоа што сите автомобили кои што ги има во Мајами се бели, додека оние останатите, во Лас Вегас, се во црна боја.


Секое парче облека кое што овој боксер го купува го носи и само по еднаш, а во хотелските соби во кои што престојува тој остава голем број на кутии со веќе носени патики.


Сопственик е и на приватен авион, иако истиот не го користи често. Сепак, кога ќе се одлучи да лета, неговите телохранители ги праќа да се возат со друг авион затоа што се плаши дека премногу ќе ја оптоварат кабината.


Неговите вложувања во обложувалниците ги рушат сите рекорди и најчесто се состојат од седум цифри. Така, само за победата на Мајами против Индијана во НБА финалето, тој вложил 5.900.000 долари.


Неговите профили на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Твитер, изобилуваат со фотографии на кои што тој позира со купчиња пари, а поголемиот дел од своето богатство тој го троши на накит. Така, кога крадците заминале од неговиот дом со плен вреден седум милиони долари, тој се "утешил" обновувајќи ја својата збирка со нови парчиња накит.


Флојд има потпишано договор со агенцијата "ShowTime" во траење од 30 месеци, па истиот му гарантира сума од 300 милиони долари. Сепак, нему не му се потребни договори со познати производители на спортска опрема затоа што тој лансирал своја линија, насловена како "The Money Team".


Сепак, и покрај начините на кој што тој ги троши своите пари, Мејведер има репутација на неверојатно посветен спортист со фантастична работна етика. Тој станува во три часот наутро и започнува со тренингот, а и понатаму е непоразен, со вкупно 44 победи и е голем фаворит за борбата против Канел Алварез, меч кој ќе се одржи на 14 септември во Лас Вегас.












ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О