Ѕирнете во внатрешноста на јапонскиот воз кој нуди незаборавно патување

Се со цел да ги привлечат љубителите на луксузното патување со воз, Јапонците претставиле еден токму таков воз, луксузен, брз и со послуга која ќе се погрижи да бидат исполнети сите желби на патниците.
Јапонскиот железнички оператор неодамна го претставил новиот луксузен воз, се со цел да се привлече повеќе внимание кај патниците кои што уживаат во комфорот при возењето.


Така, возот "Kyushu" има соба каде што патниците можат да го поминат времето свирејќи клавир или пак во бар, како и во некој од 14-те приватни апартмани.

Секоја соба има плишан кревет и маса, но и посебна бања во кој се сместени туш кабината и тоалетот. Патувањето трае 4 дена и истото е околу островот Кјуши во Јапонија, а возниот билет за оваа авантура за двајца чини 11.000 долари.


Компанијата се пофалила со врвниот дизајн на воз, кој што е спој на јапонскиот и на западниот стил, односно станува збор за спој од стари и нови идеи. Возот ќе го започне своето патување во октомври оваа година, а аранжманите се веќе распродадени до јуни 2014 година.













ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О