Советниците на Велес едногласно ја усвоија одлуката со која Топилницата се брише од Генералниот урбанистички план на Велес.
Топилницата за цинк и олово од Велес и конечно отиде во историјата.
Со оваа одлука конечно жителите на Велес ја завршија децениската борба за здрава животна средина. Топилницата повеќе нема да работи и нема да ги труе со отровите од оловото, цинкот, кадмиумот.
- Сите заедно го направивме она што им го должиме на идните генерации на Велес. Донесовме одлука Велес да живее во чиста и здрава животна средина, рече Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес.
- Сите заедно го направивме она што им го должиме на идните генерации на Велес. Донесовме одлука Велес да живее во чиста и здрава животна средина, рече Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес.
Зелена површина ќе ги покрие спомените од Топилница. На локацијата на која се наоѓаше, се планира да се засадат соодветни растенија што ќе ја деконтаминираат загадената почва и повторно овој дел на Велес да биде чист.
- Со оваа одлука Велес даде јасна порака и влезе во историјата со еден позитивен пример за тоа како здружени можеме да се издигнеме над политиката и да го оствариме уставното право на граѓаните да живеат во здрава животна средина, рече Александар Колев, претседател на Советот на општина Велес.
Жителите на Велес се задоволни од одлуката што ја донесоа советниците. Сепак тие велат дека ова е само почеток на крајот. Од тешките метали почвата е загадена, а по секој најмал ветер над Велес се крева облак од отровна прашина која го загрозува здравјето на велешани.