Познатите немаат многу среќа во љубовта (ФОТО)

Среќата во љубовта е релативна работа, или ја имаш или ја немаш. Меѓу познатите личности во Македонија има многу донжуани и многу „Малени“, но има и такви што заборавија колку е потребно некој да ви го грее грбот во студените ноќи.

Овој пат ние ќе ви ги претставиме оние што пред доаѓањето на зимата немаат обезбедено партнер кој ќе ги стопли.

Прв на листата ќе го ставиме Андреј од рап-дуото ДНК.

Андреј, иако важи за еден од најголемите мачо-мени на естрадата, веќе подолго време нема партнерка.
Подобро не стои ни Тамара Тодевска. Последна љубовна врска ѝ беше со композиторот Бертан Аслани, но оттогаш е сама.
Александар Белов веќе една година е без девојка, се разбира, тука не зборуваме за оние што се за „оди ми-дојди ми“.
(Фото: Фејсбук/BelovAleksandar)
(Фото: Фејсбук/BelovAleksandar)
Осамена е и Бојана Атанасовска. Веќе една година помина откако се разведе од сопругот, а сè уште не се најде некој што ќе го освои нејзиното срце.
(Фото: Влатко Перковски/Телеграф.мк)
(Фото: Влатко Перковски/Телеграф.мк)
Влатко Илиевски веќе подолго време е сам. И тој важи за еден од поголемите донжуани на естрадава, но, ете, никако да го бакне среќата и тој да се скраси со девојка покрај себе.
(Фото: Фејсбук/ilievskivlatko)
(Фото: Фејсбук/ilievskivlatko)
Сигурно ве интересира и за љубовниот живот на Аделина Тахири. За оној што не знае, и Аделина е сингл веќе подолг период. Таа летово го помина по грчките плажи, но во друштво со најблиските.
(Фото: Радован Вујовиќ/Телеграф.мк)
(Фото: Радован Вујовиќ/Телеграф.мк)
Но сингл е и нашиот најдобар кошаркар Лестер Бо Мекејлеб. Го поврзуваат со многу девојки од Скопје, но засега нема ништо сериозно.
(Фото: Влатко Перковски/Телеграф.мк)
(Фото: Влатко Перковски/Телеграф.мк)
Каролина Гочева дефинитивно нема среќа во љубовта. Веќе неколку месеци не е во врска со Гркот Нико, сопственик на фабрика за текстил во Битола.
(Фото: Радован Вујовиќ/Телеграф.мк)
(Фото: Радован Вујовиќ/Телеграф.мк)
Од скоро осамен е ѝ познатиот ракометар Дејан Манасков, кој претходно имаше долга врска. Манасков уште од своето појавување на мундијалот во Србија ги привлече симпатиите на женската публика.
Дејан Манасков (Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О