Во Скопје во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 13°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 26°C.
Во недела претпладне ќе биде претежно сончево, попладне ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. Слаб ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен и југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 20 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 7°C до 16°C, а максималните дневни температури од 20°C до 30°C.
Од понеделник промена на временската состојба. Следува период на нестабилно време со врнежи од дожд, засилен ветер и осетен пад на температурите.
Во понеделник претпладне ќе биде претежно облачно, попладне нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Поинтензивни врнежи се очекуваат во доцните попладневни и во вечерните часови. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 9°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 15°C до 25°C.