Откако за време на Дејвис Купот српскиот тенисер имаше улога на новинар и им поставуваше прашања на новинарите на прес-конференцијата, сега одлучи да ја смени својата професија. За најинтересниот момент на хуманитарниот меч во Кина се погрижи кој друг, ако не Ѓоковиќ кој во неколку наврати беше фотограф, но и собирач на топчиња и судија.