Кога ќе се намурти небото...

Фотографиите кои ја прикажуваат бурата на небото, честопати ги оставаат луѓето без здив или предизвикуваат запрепастеност.
Црните облаци кои се подготвуваат за формирање разорен ураган, изгледаат многу моќно и страшно.

„Ловецот на громови“, Марко Коросец, бил 26 дена на експедиција во САД, следејќи ги промените на небото. Успеал да фотографира три големи бури во Тексас, Канзас и Колорадо.


Настаните ги следел на оддалеченост од еден километар. Присуствувал на сцени каде што торнадото откорнувало дрвја, телефонски столбови, уништувало згради...

„Обично ги следам бурите од сигурна оддалеченост, со цел да ги одбегнам опасните ситуации во кои возилото би можело да биде оштетено. Следењето најчесто трае околу еден час. Тоа подразбира доста поместувања и барање нови позиции“, рекол Коросец.







ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О