Две девојчиња за чудо преживеале страшна несреќа
благодарение на минувачите кои со раце го подигнале автомобилот под кој
се нашле откако ги изгазил возачот.
Сведоците рекле дека возачот се обидел да паркира, но одеднаш
нагло забрзал и се забил во неколку уеници кои поминувале на местото.
Две девојчиња и две момчиња на возраст од 12 и 13 години, повредени се
во несреќата.Двете девојчиња успеале да преживеат благодарение на минувачите кои го подигнале автомобилот под кој децата се наоѓале.
„Тоа не беше нешто што би сакале да го видите“ – рекол Дејвид Фоубстер, еден од спасителите.
Возачот на автомобилот на полицијата и’ рекол дека ненамерно наместо кочницата ја притиснал педалата за гас. Иако е виновен за несреќата во која има неколкумина повредени, нема да биде пријавен и тужен.