Рахима
Ганиева е осумнаесетгодишна убавица од Ташкент во Узбегистан и
моментално се наоѓа во Индонезија, каде што заедно со уште 130 убавици
се подготвува за изборот Мис свет, кој е закажан за 28 септември.
И, тука ништо не би било чудно доколку властите од Узбекистан не
соопштеле дека не знаат која е таа девојка и дека во Узбекистан никогаш
не бил одржан избор за Мис. Имено, Рахима Ганиева има се што е поседува се што е потребно за да биде една од натпреварувачките за избор на Мис свет... Таа свири на клавир, игра тенис, говори англиски, ужива во патувањата, а студентка е и по економија и дипломатија.
Сепак, узбекистанските власти тврдат дека таа не е нивната претставничка затоа што во нивната земја всушност и никогаш не се одржал избор за Мис.
Она што е дополнително интересно е фактот што по спроведените истражувања околу потеклото на оваа девојка, откриен е и податокот дека универзитетот за кој таа тврди дека е местото каде што студира, всушност воопшто и не постои.
Значи, како Рахима Ганиева воопшто дошла во Индонезија на изборот за Мис свет, никој не знае!
"Рахима Ганиева никогаш не учествувала во некое натпреварување во Узбекистан. Да се одржал ваков избор за убавина, сигурно ќе одберевме многу поубава девојка. Жал ми е што Ганиева одбрала својата кариера да ја гради на лаги", изјавил Жавлон Комолов, портпарол на модна агенција од Ташкент.
Гулнара Каримова, ќерка на узбекистанскиот претседател Ислом Каримов, преку својот Твитер профил исто така открила дека е изненадена што Ганиева ја претставува нејзината земја, па и таа се запрашала од каде воопшто се појавила мистериозната девојка.
Претставниците на изборот за Мис свет се уште не дале официјално соопштение за овој настан.