Бурното невреме кое што го зафати Колорадо досега однело
најмалку три животи, а спасувачите се на терен 24 часа, се со цел да
можат да ги спасат луѓето од поплавените делови.
Досега биле евакуирани повеќе од 1.000 луѓе, а дел од градовите се
целосно отсечени од остатокот на земјата. Надојдената вода носела
мостови, бандери и ги уништувала домовите. Снимките од ужасот кој го преживуваат жителите на оваа земја во последните неколку часа се почесто кружат на интернет, а меѓу нив е и онаа на која што е прикажано драматичното спасување на човек заробен во автомобил кој се превртил во водата и бил потопен.