Хрватите го изненадија домаќинот

Во четвртото коло од Групата Ц на Евробаскетот во Словенија домаќинот го доживеа првиот пораз откако во продолжение загуби од Хрватска со 74:76.

Словенците имаа 13 поени предност, но на крајот мораа да се помират со поразот. Дамјан Рудеж во продолжение постигна две клучни тројки, а „змајчеки“ не успеаја да погодат од линијата за тројка.

Бојан Богдановиќ уфрли 24 поени, а Анте Томиќ оствари 15 скока за Хрватите.
На овој меч судеше најдобриот македонски судија Александар Милојевиќ.
Важна победа забележа и Израел кој ја декласира Белгија со 87:69 и остана во игра за втората фаза. Израелците беа одлични во третиот период кога шутираа 12 од 15 од поле, вклучувајќи и четири тројки. Афик Нисим реализира 23 коша за победниците.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О