Вистинска еуфорија владее во Милано поради пристигнувањето на Рикардо Кака, па неколку стотици фанови на ’росонерите’ го пречекаа својот миленик на ародромот во Милано.
Како после 4 години повторно се врати на местото каде што ги доживеа најубавите момонти од својата кариера, па неможеше да ја сокрие радоста во првото интервју што го даде како играч на Милан.
„Бев многу тажен кога го напуштав Милан, но сега сум пресреќен што се враќам дома. Неможам да дочекам повторно да заиграм на Сан Сиро и да го облечам црвено-црниот дрес. Ова е мојот дом и среќен сум што се враќам дома“, изјави Кака, кој се откажа од повеќе од 50% од примањата за да се врати во Милан.