Oттаму не ја разбираме потребата да се споменуваат имиња и да се мешаат поими, опозициски или позициски, пратенички или било какви други инсинуации од страна на порталите „Курир“ и „Плус24“.
Бриф.мк не се потсмева, туку информира и нема да дозволи да биде цел или причина за политички пресметки, какви што сакаат да поттикнат горе наведените портали и во овој случај.
Ако Курир и Плус24 знаат нешто повеќе, или имаат повеќе информации за паѓањето на Тарчуловска, нека објават, а не да прават „информации“ од наводни претпоставки и лошо проценети ставови.
Со цел да не бидеме погрешно разбрани и дел од манипулации, повторуваме дека ние не се потсмеваме и веста не е наша, а Курир наместо и овде да инсистира на политичка конотација, должен е да се извини.
Пишува: БРИФ.МК