Американски воени бродови во Средоземното Море се подготевни за
„силен напад” против сирискиот режим ако добијат таква наредба, вели
секретарот на морнарицата Реј Мајбус.
Во говорот на Универзитет за националниот одбрана, Мејбус рекол дека
пред две недели , „кога се појавија ужасните слики на телевизија”,
американската морнарица и маринците веќе биле во водите на Медитеранот и
Блискиот Исток.
-Јас ви гарантирам дека ако добиеме повик за напад, ќе нападнеме
силно и брзо. Како што рече претседателот минатата ноќ нападот ќе ја
деградира способноста на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад-
изјавил секретар на морнарицата.
Мејбус истакнал дека поморските сили ќе го предводат евентуалниот
американски напад врз Сирија, кој ќе се базира главно на лансирање на
ракетите „томаховки“ од бродовите.
Тој, во говорот, зборувајќи за улогата на морнарицата во евентуален
конфликт со Сирија, рекол дека е одличен пример за вредноста на
американските маринци.
-Ги увераме нашите партнери дека ние сме таму и ги потсетуваме оние кои
би поскале да и наштетат на нашата земја и нашите сојузници дека ние
никогаш не сме далеку. Тоа е американската сила во морето- вели Мејбус.
Како потсетување, четири американски уништувачи на кои се наоѓаат
вкрстосувачки ракети се во источниот дел од Средоземното Море, а носачот
на авиони „Нимиц” и уште четири други воени брода, на кои исто така има
ракети „томаховк“ се во Црвеното Море.