Најава за сензационален трансфер доаѓа од Германија. Како што јавува тиражниот „Билд“, голманот на Реал Мадрид и шпанската фудбалска репрезентација Икер Касилјас би можел да се пресели во европскиот вице-шампион Борусија Дортмунд.
Поради тоа што е во втор план и кај новиот тренер Карло Анчелоти, на Касилјас од ден на ден му се зголемува нервозата по што се повеќе размислува за напуштање на својот матичен клуб.
Несфатлив би бил овој трансфер за многумина од навивачите на Борусија Дортмунд затоа што за нивниот омилен тим во моментов брани одличниот Роман Вајденфелер кој е и капитен на екипата.
Манчестер Сити, ПСЖ, Арсенал а се шпекулираше дека и Барселона