Тоа била ноќ за паметење! Вечера во Прованс, романтична ноќ во луксузниот хотел Couvent des Minimes и прашањето за кое сонуваат сите жени низ светот.
Новаќ Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ се верија, и таа вест одекна како бомба, но само неколку дена подоцна првите детали од веридбата ги откри британскиот весник Дејли мејл.
Иако медиумите првобитно јавија дека веридбата се случила во Монте Карло, вистината е дека Новак својата девојка со хеликоптер ја одвел на романтична вечера во Прованс. Парот поминал ноќ во еден од најдобрите хотели во тој дел на Франција, а уште следниот ден биле видени како поминале во неколку златари барајќи го совршениот прстен.
Таа неодамна беше фотографирана со огромен блескав прстен на раката. Јелена и Новак, според некои информации, најверојатно ја организираат свадбата за почетокот на 2014 година.