Врвната лимузина "Volkswagen Phaeton", отсега и кај нас!

Врвниот дострел во класата на лимузини од Д сегментот, Volkswagen Phaeton, сега е достапен и во Македонија.

Лимузината која за прв пат во светски рамки беше претставена на Саемот во Женева во 2002 година, преку своите две освежувања во 2007 и 2010 година стана знаменосец на брендот.
Рамо до рамо со Bentley Continental и Bentley Flying Spur со кои ја дели платформата во сегментот на луксузни лимузини, Volkswagen Phaeton се истакнува со врвен квалитет, елеганција и удобност и претставува репер за останатите производители во оваа класа.

Редизајниран од Валтер де Силва - креаторот на визуелната ДНК на Volkswagen, а произведен во т.н. „Стаклена фабрика“ во Дрезден, Volkswagen Phaeton поседува огромен број на технолошки напредни елементи.
Листата е премногу долга, но би издвоиле: би-ксенон светла со ЛЕД и следење во свиоците, стандарден погон на сите 4 тркала, воздушна суспензија, 4-зонски автоматски клима уред, систем за сопирање со динамичка асистенција на светлата поврзана со камера, адаптивен круз контрол, навигација која интегрира on-line интернет пребарување прикажано на централната конзола каде е инкорпориран дисплеј во боја чувствителен на допир, препознавање на сообраќајните знаци, систем за асистенција на преминување од лента во лента и уште многу безбедносни елементи.
Достапен е со 3 бензински V6, V8 или W12 агрегати и еден турбодизел со зафатнина од 3,0l. Се произведува со 2 меѓу-оскини растојанија и две варијанти на седење одзади: со клупа за тројца или две посебни седишта, а поседува и опција за 120mm поголем простор за нозете на возачот. Во внатрешноста има бесконечно многу комбинации на луксузни материјали и бои, елементи од егзотично дрво, кожа и алуминиум.
Покрај безвремената елеганција, на внатрешниот и надворешниот дизајн, возилото сепак го има задржано препознатливиот ДНК код на брендот Volkswagen.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О