На ФИБА и треба ОКО СОКОЛОВО, а Дамјан Стојановски искрено вели: Мечот го решија ДРУГИ ФАКТОРИ

Скандалозната одлука на судиската тројка која ја ограби Македонија на првиот меч против Црна Гора, нам ни одзема победа, а им ја додели на Црногорците, Дамјан Стојановски ја нарече „некои други фактори“. Токму тие влијаеја на резултатот, на играта, на конечниот епилог. После ова, мора ФИБА да размислува за Око Соколово во овој спорт, затоа што ќе останат „слепи“ и понатаму, и вакви големи натпреварувања како Евробаскет, ќе бидат во сенка на погрешни судиски одлуки, жалби и разгледувања на видеоснимки.

Официјално, Македонија поднесе жалба за овој меч, но прашање е што ќе може тоа да донесе, кога ФИБА има многу чудни правила, може да се донесе само одлука дека има материјална повреда на правилата, но, од друга страна и не може да признае поени, затоа што во таков случај, би имало и одредено време за доигрување, што е неизводливо да се донесе како одлука.

На прес - конференцијата по мечот, се појавија селекторот Алеш Пипан и Дамјан Стојановски, кој одигра одличен натпревар.

„Мечот го одлучија некои други фактори. Тоа е несфатливо, но е така. Можеме само да жалиме, навистина заслуживме да победиме. Игравме добро во поголем тек од натпреварот, имавме предност, но на крајот загубивме концентрација. И покрај тоа, не ни беа признати поени во самиот финиш. Останува да се свртиме кон следниот меч со Литванија“, изјави Дајан Стојановски.

Селекторот Алеш Пипан беше многу нервозен, што е сфатливо. Ја објасни и ситуацијата со неговата реакција кон записничката маса.

„Мораме уште еднаш да ја видиме видеоснимката, но убедени сме дека имаше повреда на правилата. Јас сум селектор, а некој друг треба да ги направи другите потези. Веднаш по одлуката, реагирав на записничката маса, кај делегатот, а тој само ме гледаше и не кажа ниту збор. Што се однесува до мечот, игравме добро во најголем дел од него, но во последните пет минути направивме многу глупости. Не знам што да кажам повеќе од ова, сите се видоа и би било убаво, да се напише, да се обелодени, затоа што тоа е вистината“,истакна Пипан.

Утревечер, со почеток во 21 часот, македонската кошаркарска репрезентација го игра вториот натпревар на Евробаскет 2013, против селекцијата на Литванија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О