ветлата точка неколку минути стои на небото, на североисток, при што наликува како да гори, се движи неопределено и брзо исчезнува.

Еден читател на Телеграф.мк им испратил видео на кое се гледа како неидентификувана светлина, која наликува како да доаѓа од летечки објект, вечерва била забележана над главниот град. Како што може да се види од снимката, светлата точка неколку минути стои на небото, на североисток, и како што опиша читателот, изгледала како да гори.
Светлината ја забележале повеќе граѓани. Како што се гледа на видеото, светлата точка се движи неопределено на небото, по што во еден момент забрзува и ја снемува од видикот.