Ферари покажа смисла за хумор: На мета е Марк Вебер

И покрај релативно слабата сезона, од таборот на Ферари покажаа дека не ја загубиле смислата за хумор.

Германски Билд открива дека Ферари на службен меморандум му испратиле на Австралиецот сметка за такси-превозот кој после завршувањето на трката во Сингапур му го обезбеди пилотот на Ферари, Фернандо Алонсо.

Марк Вебер поради дефект на неговиот болид мораше да се откаже во последниот круг од трката. Откако ја помина целта, Фернандо Алонсо го забележа својот пријател покрај патеката, па одлучи да го однесе до гаражите. Вебер ја прифати понудата, седна на болидот и тргнаа кон боксот, но со тоа и двајцата пилоти го прекршија правилникот на Формула 1 натпреварувањето. Лошо помина Вебер со оглед на тоа што ова му е трета опомена во оваа сезона, па на следната трка ќе мора да стартува десет позиции поназад од позицијата за која што ќе се избори на квалификациите.

Вебер речиси цела седмица негодува поради казната, а во Ферари го искористија тоа да се пошегуваат со него. Италијанците решиле да го наплатат превозот на Вебер па му испратиле сметка од 25.000 долари.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О