ЗНМ со иницијатива да се ослободи Кежаровски

Здружението на новинарите на Македонија најостро ја осудува одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд во Скопје, за продолжувањето на притворот за новинарот Томислав Кежаровски по петти пат.

ЗНМ упати иницијатива до министерот за правда Блерим Беџети, за ослободување од гонење на новинарот Кежаровски, врз основа на член 84 од Уставот на Република Македонија и член 1-а и член 3.

- Постојаното продолжување на притворот повеќе не служи за непречено водење на судската постапка, туку прераснува во казна. Оваа одлука на некој начин ја навестува конечната пресуда, со што се крши основното начело во една правна држава дека секој е невин додека не се докаже спротивното, се посочува во соопштението и се додава оти е нејасно зошто судот е убеден дека притворот е нужен, кога на располагање има и други поблаги мерки за обезбедување на присуство, како што се куќен притвор, забрана за напуштање на живеалиште, обврска на обвинетиот да се јави повремено на одредено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на пасош и друго, се вели во реакцијата на Здружението.

Тие потсетуваат дека на 2-ри септември до Министерството за правда имаат доставено иницијатива за ослободување од гонење на новинарот Кежаровски, за која се уште нема одговор.

- Го охрабруваме Министерството за правда сериозно да ја разгледа нашата иницијатива бидејќи со тоа власта ќе покаже дека со посебна чувствителност постапува кон прашања поврзани со слободата на изразувањето, бараат од ЗНМ.

Кежаровски беше притворен во мај годинава под обвинение дека во 2008 година објавил текст со кој го открива идентитетот на заштитен сведок во случај за убиство.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О