Триесетгодишна Бугарка од градот Русе, родила четворка, иако лекарите очекувале да роди три бебиња.
Началникот на Акушерско-гинеколошката
клиника во Русе, Георги Хубчев, кој ја породил среќната мака, изјавил
дека четвртото бебе, девојче, било скриено зад двата брата и сестричката
и дека не ја забележале за време на прегледите.
Иако се родени во осмиот месец и со мала
тежина, децата се во добра здравствена состојба. Тешки се по 1.300,
1.400, 1.450 и 1.600 грама.
Брачната двојка Севдие и Ерхан Ахмедов на децата им дале имиња на машките Енес и Ренес, а девојчињата Бенет и Севи.
Претседателот на општината им ветил стан и парична помош.
Во историјата на Русе, град на северот
на Бугарија на границата со Романија, ова е втор случај да се роди
четворка, а претходниот е забележан пред 51 година. Ова е прв случај со
вештачко оплодување.