Мис на Македонија Кристина Спасеноска од Кичево се жали на нефер однос на организаторите на Мис на светот, кој ќе се одржи на 28 септември во Џакарта, Индија. Кристина (18) има многу поплаки на третманот на Бали,
каде што веќе втора недела кандидатките се подготвуваат за финалниот избор за Мис, пренесува Вест.

(Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)
-
Заслужувам одличен пласман ама форсираат други девојки за победа. Ќе речат дека за некоја прилика треба да бидеме поспортски облечени, а има некои кои доаѓаат во вечерни тоалети.
Кога се снимаше видеото за претставување, јас сама се нашминкав, но ми ја избришаа шминката и тие ме нашминкаа, и немав право да се побунам.
Се нашминкав природно, без црнила околу очите и имав мат кармин. Наводно,
мат карминот бил забранет за употреба и ми ставија лила, па на видеото
изгледам како без уста. Подоцна видов дека нивните фаворитки имаа мат кармини. А
ко мене ме прашаат за прогноза се гледам меѓу првите 10, но нема да бидам ниту во првите 120“, вели разочарано Кристина.