По крајот на мечот со Црна Гора, македонската делегација веднаш поднесе жалба за последниот непризнаен поен на нашата репрезентација, што претставува повреда на правилата.
Капитенот Антиќ ја потпиша жалбата веднаш по крајот на мечот (види ФОТО), а се очекува за ова да заседава натпреварувачката комисија на ФИБА.Речиси е неверојатно дека ФИБА може да го поништи мечот, но нашите официјални лица се растрчаа и очекуваат позитивен епилог.