ОНЕ со нов иновативен постпејд концепт

Од 4 септември, ОНЕ го воведува SELECT, нов иновативен постпејд концепт, со кој за прв пат, на корисниците им се дава флексибилност сами да го креираат својот постпејд тарифен модел, онака како што само ним им одговара.

Веќе од денес, сите нови приватни и бизнис постпејд корисници во ОНЕ, но и оние кои ќе направат обнова на својот веќе постоечки постпејд договор, добиваат ексклузивна можност самите да го креираат својот тарифен модел согласно нивните потреби, на еден од двата начина:

• Без обврски за времетраење на договорот
• Со одличен попуст за нов мобилен телефон со договор на 24 месеци

За прв пат, корисниците на ОНЕ добиваат можност да користат постпејд услуги без обврски за времетраење на користење на услугите и можност за прекин на користење на услугите во секое време, за месечна претплата веќе од само 99 денари.

SELECT корисниците кои ќе одлучат да го креираат својот постпејд тарифен модел, притоа користејќи го одличниот попуст за телефон, можат да изберат еден од шесте пакети со телефони:

• SELECT 1 за месечна претплата од само 99 денари
• SELECT 100 за месечна претплата од 149 денари
• SELECT 150 за месечна претплата од 199 денари
• SELECT 200 за месечна претплата од 249 денари
• SELECT 300 за месечна претплата од 349 денари и
• SELECT 400 за месечна претплата од 449 денари

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О