Турција го започна со шокантен пораз учеството на Евробаскет 2013. Тимот во кој има играчи од НБА како Хедо Туркоглу, Ерсан Илјасова и Омер Ашик, загуби од Финска со 55:61 и разочара со настапот.
Турците почнаа трагично, откако во првата четвртина го постигнаа својот прв кош од игра 18 секунди пред крајот на периодот.
Нивниот шут од игра беше 1 од 11, испуштија 6 од 12 слободни, но сепак губеа само со 8:10 по првите 10 минути.
Потоа дури и поведоа, и сè изгледаше во ред пред Финците да избувнат со серија од 13:2 и да поведат со 32:19 на полувремето. Разликата стана уште поголема по паузата и стигна до 47:28.
Серијата од 10:2 ги врати Турците во натпреварот и пред последниот период се приближија до 38:49. Разликата падна до 52:47, но тројката на Салин ги смири Скандинавците.
Минута пред сирената тие сеуште водеа со 57:50, но украдената топка од Илјасова доведе до тројка на Ерден Арслан, а потоа Емир Прелџиќ исто реализира.