„Не мора да победите за да ги освоите нашите срца“

Неколку минути по завршувањето на мечот помеѓу Македонија и Летонија, стигна и порака на официјалниот Фејсбук профил на Евробаскет 2013.

tose-fejsbuk-500
-Не мора да победите, за да ги освоите нашите срца! Ви благодариме. Ни беше задоволство што бевме ваши домаќини во Словенија, ова е пораката испишана од администраторот на официјалниот профил на Фејсбук страницата на Еуробаскет 2013 каде беше постирана и фотографија на Тодор Гечевски.
Нашите кошаркари го завршија настапот на ЕП во Словенија откако попладнево доживеаја пораз од Летонија со 76:66. Само со една победа кошаркарите се враќаат дома, а очекувањата беа далеку поголеми.
Ако, ништо друго барем нашите навивачи повторно покажаа како се бодри својот тим и покажавме уште еднаш дека во нашата земја кошарката и тоа како се сака.

Извор-Курир

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О