ФОТО: Кристина Арнаудова решена да има тело како Карлеуша

Македонската пејачка Кристина Арнаудова се огласи преку својот Фејсбук профил до фановите, ветувајќи дека за неколку недели ќе има тело како на српската пејачка Јелена Карлеуша.
Како што пренесува Вечер, Кристина почнува да вежба фитнес и за најмногу еден месец ги очекува резултатите од сработеното.

- "Понеделнички почнувам со фитнес. За еден месец ќе почнам и јас како госпоѓа Ј.К. да пуштам слики од стомачни", напиша Арнаудова, а пренесува Вечер.
Таа последниов период веќе објави неколку разголени фотки на плажа.

„Периодов константно објавував фотографии од мои концерти, настапи, настани... Имам закажано настапи до декември, а тоа во нашата земја ретко се случува, сепак ништо од тоа не беше објавено во ниту еден медиум. Вчера ја поставив сликата, (на која е во дводелен костим за капење ) знаејќи дека само такво нешто ги интересира. И секако, за неполни десет минути веќе беше на сите портали. Јас немам ништо против тоа, ама некој мора да се занимава и со суштината не само со формата и површината... Имајте убав ден луѓее“, напиша пејачката, а пренесе Вечер.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О